Фев 18, 2010

Сметката на општина Струга „полесна“ за 4 милиони денари

Министерството за финансии одзело над 4 милиони денари од сметката на општина Струга, по основ долг на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.


Фев 18, 2010

Туризмот ги спои локалната и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Од саемот за туризам во Истамбул, Охрид се врати со плакета за најдобар пријателски штанд. Според посетеноста на нашиот штанд но и според онаа народната „Ако денот се познава по утрото“, тогаш треба да очекуваме солидна туристичка сезона.


Фев 17, 2010

Е-тестирање

Образовниот центар „Пи-Си“ го презентираше проектот Е-тестирање.


Фев 17, 2010

Да заживее спортскиот туризам во Охрид

Петставници на хотелските капацитети, локалната самоуправа и раковоството на ЈП “Биланини извори” седнаа на заедничка маса. Разговаа за тоа кој колку може да помогне во развивањето на спортскиот туризам во градов. Генерално хотелите се согласија да учествуваат во проектот, но побараа да се формира тело кое би требало да направи анализа од каде треба да се почне.


Фев 17, 2010

„Железничка“, најпосле дојде на ред

Работите на ул „Железничка“ отпочнаа. Во моментов се поставува атмосферската канализација.


Фев 17, 2010

Достигнат максимум на водата во езерото

Водостојот на oхридското езеро ја достигна критичната точка. Заклучно со денес, како што не информира Константин Угрински хидролог од Хидрометеоролошка станица во Скопје водостојот е 68 см.


Фев 16, 2010

Нови ветрови во општинската ВМРО-ДПМНЕ

Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво.


Фев 16, 2010

Даљан нема да се излее

Колку и да врне, реката Даљан нема да се излее, рече градоначалникот Александар Петрески. Тој вети дека локалната ќе ги обештети сите кои беа поплавени според записникот кој го направи комисијата, но го повика и Цветко Грозданов да си го исполни своето ветување.


Фев 16, 2010

Не им се заканува опасност на куќите над Лапидариумот

Опасниот одрон над музејскиот комплекс Робевци што се случи пред 10 –тина дена се расчистува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top