Македонија со скромен штанд ке ја презентира својата туристичка понуда на најголемиот светски саем на туризам годинава во Берлин.
Најопасниот комунален смет-медицинскиот отпад распослан долж охридското крајбрежје. За Државниот инспектор при Министерството за ЖСПП Игор Трајкоски, отпадот е со поминат рок и според него не претставува опасност.
Има ли комуникација помеѓу локалната и ОО на СДСМ која е матична партија на градоначалникот Александар Петрески. Додека портпаролот на локалната Томе Џамтовски тврди дека градоначалникот останува во Австралија, првиот човек на ОО на СДСМ спротивно на тоа вели дека Петрески со првиот авион се враќа назад.
Деновиве механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ги расчиствува одводните канали во студенчишкото блато. „ Високиот водостој носи талог, песок и муљ поради што мора редовно да се интервенира“, вели директорот Сашо Алчев.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град