Деновиве во мрестилиштата на Хидробиолошки завод забележан е мал помор на рибите. Првиот човек на оваа установа Гоце Костоски, ја смирува состојбата и вели дека нема место за паника бидејќи проблемот е детектиран и веќе било реагирано.
Големо ништо и безидејност на мнозинството. Ваков е ставот на ВМРО – ДПМНЕ како карактеристика за работата на Советот на општина Охрид во првата година од својата работа.
Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните дека на 17.04.2010 (сабота), повторно организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)
Месец април дефинитивно ќе биде месец на велосипедот во Македонија. Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ на 28 април ќе гостува и во Охрид.
Две паралелки на албански наставен јазик во ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Оваа новина беше обелоденета пред десетина дена со распишувањето на конкурсот за уписи во средно образование. Директорот на центарот вели: До сега ниту сме планирале ниту пак имаме потреба од вакви паралелки“. ВМРО НП пак обвинува дека со овој зафат министрството прави албанизација на Охрид.
На нив учество ќе земат 650 студенти од сите државни и приватни универзитети во земјава како и екипи од универзитетите од државите во регионот и претставници на Европската студентска унија.
Околу 50-тина индивидуални производители и регистрирани земјоделци од Охрид и околните села покажале интерес да искористат пари од Националната програма за финансиска поддршка на руралниот развој, истакнува Билјана Ѓорческа рак.на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството.