Апр 26, 2010

Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар

Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар. Дознаваме дека за еден месец, таму треба да се дислоцираат универзитетите, но и да се изгради кампус за студенти. Градоначалникот Петрески вели дека покрај студентите, на овој простор ќе бидат сместени и Секторот за Внатрешни Работи и Противпожарната станица.


Апр 26, 2010

Уништена црквата „Св. Архангел Михаил“ во Долна Белица

Уништена црквата Св. Архангел Михаил во Долна белица. Злонамерниците со тврд предмет ги целосно го демолирале дрвениот иконостас, а со тврд предмет ги оштететиле  и сите ѕидови на црквата. Дивеењето отишло дотаму што биле извадени и лимовите од кровот, а металниот крст бил изваден и фрлен на земја.


Апр 26, 2010

Младите се почесто заболуваат од колоректален карцином

Ракот на дебело црево се  почесто ги напаѓа младите лица. Статистичките показатели  во општина Охрид покажуваат дека помладите лица во 2009 година биле на удар од ова заболување.


Апр 26, 2010

Пешачката патека е за пешаци, не за велосипеди

Патеката после мостот, позната како пешачко-велосипедска, сеуште во ценатрот на вниманието на Охриѓани. По иницијативите кои ги превзедоа СВР и локалнта самоуправа со која се спречи движење на моторни возила по истата, викендов и велосипедистите трн в око на СВР. Наш  гледач се жали дека  сообраќаен полицаец ги отстранувал велосипдистите кои возеа по таа патека.


Апр 26, 2010

Прославен патронатот на ОУ „Христо Узунов“

Со свечена приредба основното училиште „Христо Узунов“ го прослави по 33 –ти пат патрониот празник.


Апр 24, 2010

Бунт на станарите против урбанизацијата на парковите

Неколку станари од трите кули наспроти старата автобуска станица, денеска упатија сериозни забелешки до градоначалникот Петрески и до општинскиот сектор за урбанизам.


Апр 24, 2010

Грција со ултиматум и врз туризмот

Српските туроператори условени од Грција. Ако ја продаваат Грција, да не го продаваат Охрид. Но Србите го почитуваат мотото на туристичката кампања заради која се во Охрид, „Дојдете дома“.


Апр 24, 2010

Планот на Домот за стари лица наскоро пред советниците

Се очекува успешно да завршат преговорите помеѓу локалната самоуправа и  Министерството за транспорт и врски за отстапување на државно земјиште кое ќе биде наменето за изградба на Дом за стари лица најавува Бранко Арнаудов, началник на секторот за урбанизам и просторно планирање. Тој ги појаснува деталите околу  подготовката  на документацијата за градба.


Апр 23, 2010

Бродарите бараат проширување на бродските линии низ езерото

Во Охрид нема организиран воден сообраќај. Во моментов бродовите пловат низ езерото слободно без ред на возење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top