Во последните пет години драстично опаѓа бројот на извршените абортуси, ова го покажуваат статистичките податоци за општина Охрид. Д-р. Слободанка Коцевска, од Центарот за Јавно здравство информира дека во 2005 година биле извршени 119 абортуси, а оваа бројка во 2009 година се намалила на 39 насилни прекини на бременост. Сепак, најзагрозена категорија останува женската популација од 20 до 35 години каде што не е регистрирано опаѓање на бројот на извршени абортуси.