ПроКредит банка отвори бизнис центар кој на клиентите ќе им нуди висококвалитетна, брза и ефикасна услуга. Целна група на оваа банка е бизнис заедницата, агроклиентите и кредитите за население, кои се наменски.
Предвремени локални избори повеќе од потребни. Вака смета врвот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. На овој начин, од таму, го гледаат спасот на општината и излез од бројните градски проблеми, кои се ноќна мора на добар дел граѓани.
„Кои се новите цели и одговорности на универзитетите во рамките на глобалните проблеми“. Проф. Др. Јованка Биљаноска беше дел од учесниците, на првиот светски конгрес на универзитети, кој неодамна се оддржа во Чанаккале,Турција.
Oд ЕВН Македонија, максимално прецизни во почитувањето на законските регулативи кога треба да ги наплаќаат каматите од потрошувачите, но кога треба од нив да се наплати, тогаш се раководат според нивните правила.
Македонската риболовна федерација се соочува со притисоци за промена на името. Имено по иницијатива на Грчката риболовна федерација, светската риболовна федерација за слатки води и сугерира нја нашата да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ.
Од 15 септември годинава, МЈП „Проаква“ бележи редовност во исплата на месечен надомест. Истото важи и за новото претпријатие, Нискоградба. Од ова претпријатие најавуваат дека сега засега нема да има зголемување на сметките на водоводно канализациските услуги.