Вчерашните избори во Охрид поминаа во најдобар ред, мирно и без инциденти, за да утрово, околу 7 часот, жителите од стариот дел на градот, ги разбудат околу 50тина истрели од огнено оружје, велат тие.
„Вчера имавме најфер избори во историјата на Македонија, како во Охрид така и во целата 5 та изборна единица. Би сакал да изразам задоволство од посигнатите резултати прво на државно ниво потоа во цела 5 та изборна единица и секако во Охрид.
Пратеникот Митре Велјаноски ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ на државно ниво и истакна дека СДСМ се математички победници на овие предвремени парламентарни избори освојувајќи 43 пратеници наспроти осумнаесетте кои ги имаа досега. Претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески им порача на своите политички опоненти да соберат храброст и да му ја честитаат победата во Охрид.
Денес, на улицата Никола Карев, во близина на Музичкото училиште, се поставуваше асфалт. Комунални зафати нема само во овој дел од градот, туку активно се работи и во останатите делови и тоа е вообичаена активност пред туристичката сезона, вели првиот човек на Охрид.
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.