Авг 29, 2011

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна.


Авг 29, 2011

Хорот „Сковронки“ од Полска, најдобри

Со финалниот перформанс на седумте најдобри хорски ансамбли, заврши четвртото издание на „Охридскиот хорски фестивал“.


Авг 29, 2011

In Memoriam Драгица Силјаноска

Утрово, по кратко боледување на 62 годишна возраст  почина Драгица Силјаноска, истакнат културен работник од Охрид.


Авг 29, 2011

Џез Инн и натаму јаболко на раздорот

Не запираат реакциите после двата мирни протести околу работата на клубот Џез Ин. Први со реакција се јавија сопствениците на клубот кои упатија серија обвинувања на сметка на Љупчо поп Стефанија кој беше еден од учесниците на протестот против клубот Џез Ин. Овој пат со своја реакција се јави токму поп Стефанија.


Авг 29, 2011

Реновирањето на кино бавча ќе почека до другото лето

Обновата на кино бавча не се реализира. И покрај најавите дека од месец јули  ова лето охриѓани  ќе може да ги следат  филмските проекции и  концертните случувања  на оваа летна сцена, сепак  ќе мора да причекаат.


Авг 29, 2011

Локаната ги исполна условите за стопанисување со градежното државно земјиште

Се исполнува сонот на општините. По пет години преговарање со владата конечно го добиваат градежното земјиште на териториите на општините. Градоначникот на Охрид Александар Петрески категоричен дека општините многу подобро може да менеџираат со досегашното државно земјиште отколку државата.


Авг 27, 2011

Според сопствениците на Jazz Inn протестот и не бил така мирен

До редакцијата на ТВМ, денес  стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин.


Авг 27, 2011

Повторно истекуваат фекалии кај Каналот

Проблемот со излевањето на фекалиите кај Каналот, Билјанини извори иако со помал интензитет, сеуште присутен. Откако минатата недела надлежните се погрижија изворот на загадување да биде спречен, денес повторно се забележува протекување. За жал овој проблем се провлекува еден подолг временски период, а вистинското решение и натаму изостанува.


Авг 27, 2011

Протестот на жителите од Стар град-црвен сигнал за надлежните

30-тина жители од улицата Коста Абраш синоќа после полноќ излегоа на мирен протест. Под полициско обезбедување тие го искажаа своето незадоволство од разуданиот ноќен живот кој го прават посетителите на кабарето „Џез Ин“. Тие се жалат дека 20 години буквално трпат терор од гласната музика, врева, тепачките под нивните прозори. Разочарани велат сега е премината секаква граница на трпеливост.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top