Балон игралиштето во дворот на О.У. Григор Прличев сепак се гради. Откако првичниот договор за негова изградба беше спогодбено раскинат, сега од локалната велат дека постапката била само привремено стопирана. Реализацијата продолжува а инвеститорот е ист, фирмата дооел Фудбал 2010, информираат од секторот за образование при локалната.
Охрид ќе добие најмодерна болница ,не само во Македонија туку и пошироко.
Локалната самоуправа во Охрид остана без греење. Причина, Министерствата на државните подрачните единици не го почитуваат меѓусебнит договор со охридската локална.
Нов начин на евиденција на невработените лица. Од 21 декември годинава сите невработени лица се должни да се пререгистрираат и тоа во две групи, активно вработување и не активно. Целта е да се добие појасна и попрецизна слика за бројот на невработени кои активно бараат работа.
Мештаните на општината се отсечени од цивилизација. Тие пет дена опстојуваат без струја и без мобилна телефонија. Нивниот гнев најповеќе е насочен кон ЕВН и како главен виновник за проблемите со кои се соочуваат поради немање на струја ја посочија компанијата.
Фирмите кои се месечни даночни обвзници, должни се до 31 декември да се регистрираат на системот е-Даноци.
Од денес се отвораат нови хоризонти за околу 200 студенти на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Охриѓани и денес мака мачат поради снегот кој заврна вчера. Лизгавите коловози и тротоарите како подиум за уметничко лизгање се вистински предизвик. Надвор излегува само оној што мора. Граѓаните бараат од службите посериозно да се зафатат со работа. Од таму пак тврдат дека се анагажираат максимално.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град