Охрид домаќин на балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Околу 500 учесници од две возрасни категории во машка и женска конкуренција, ќе си ги одмерат силите. Организаторите велат дека џудото е племенит и олимписки спорт и победата е фиктивна деструкција на противникот поточно победа со спортска борба.
Ново стара предлог-програма за поставување урбана опрема. На денешната седница беа изгласани новите урбанистички решенија за поставување урбана опрема.
Струшкиот комитет на Вмро Дпмне ја подготви листата со потенцијални кандидати за советници. Истата се состои од мешовити кандидати членови на оваа партија. Од Вмро Дпмне ги отфрлаат шпекулациите дека ќе го подржат кандидатот на ПЕИ за градоначалник.
Од денес 1 март цената за еден час паркинг во Премиум зоната се враќа на старата цена од 60 денари.
Нов сообраќаен режим повторно без издржана студија.
Точно напладне, денес охридските матуранти беа дел од европската манифестација „Матурска парада 2013та“. Тие играа на звузите на штраусовата опера лилјакот синхронизирано со своите врсници од стотина градови од земјава и Европа. На охридскиот плоштад парадата ја отвори Градоначалникот Бакрачески кој на матурантите им посака успех и остварување на нивните соништа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град