Фев 19, 2022

Санкционирани 15 возачи во Охрид за сторени прекршоци во сообраќајот

На 18.02.2022 година од 12 до 17 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид, регистрирале и санкционирале 4 возачи кои не одстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.


Фев 9, 2022

Санкционирани 14 пешаци во Охрид

На 08.02.2022 во периодот од 11:00 до 16:00 часот на територијата на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците.


Дек 22, 2021

Во општина Охрид пасивни поголем дел од урбаните заедници

Во моментов кога се крои општинскиот буџет според граѓанските потреби нема организирана форма преку која жителите ќе ги изнесат комуналните проблеми за да им ги реши локалната самоуправа. Причината за пасивноста се лоцира во граѓанската недоверба кон политичарите дека ќе им ги решат заедничките проблеми.


Ное 4, 2021

Вакцинираните не се измамени, тие се заштитени од коронавирусот

Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека  вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети.


Окт 23, 2021

Висок лидер на Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало.


Сеп 15, 2021

Пожарот на Јабланица вечерва стигна до Вишни

Пожарот на Јабланица вечерва стигна во непосредна близина на струшкото село Вишни.


Сеп 14, 2021

Компанијата „DM“ донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Компанијата „DM“ донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.


Јул 11, 2021

Нефункционална атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски

После секој дожд, жителите на дел од ул. Васил Стефоски во Охрид имаат голем проблем со дождовната вода поради нефункционална атмосферска канализација.


Мај 13, 2020

20 нови случаи на Ковид-19, починаа 3 лица

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 24 оздравени пациенти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top