Овој објект во иднина ќе биде претпознатливо културно обележје, кое ќе ги задолжува покрај туристите, да дојдат и да го посетат и учениците и студентите.
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот планински премин Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот. Странските туристи кои летуваат во Струга се појасно го изразуваат своето незадоволство и се закануваат дека ќе го скратат својот престој поради депонијата која гори и шири чад. Од граѓанската иницијатива „Доста е“ денес со предлози за конкретно решавање на проблемот со дивата депонија кој ги мачи стружани подолго време.
„Локалните се на добар пат во спроведувањето на европските барања, но треба да се зголеми соработката со централната власт за резултатите да бидат поголеми“, вели градоначалникот на Вевчани, Васил Радиноски.
Реагираат сопственици на дуќани во трговскиот центар дека поединци бесправно преградуваат ходници, тераси, подруми авршат зафати и врз фасадата на објектот. Барања за увид во нелегалните активности упатиле до повеќе институции пред повеќе од една година, но според нив, до денес никој не презел конкретна активност да се спречи самоволието и да се санкционира. Сопствениците на деловни простории во Амамот најавуваат кривични пријави.
Прва средба меѓу министерот Дамјан Манчевски и претставници на Синдикатот на УПОЗ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град