Авг 3, 2021

Не треба да бегате од вакцинираните како од чума

Спајк протеинот, кој се создава во организмот на вакцинирано лице, воопшто не е истиот како спајк протеинот на коронавирусот, а дури и кога би бил, тој по вакцината е во количество 100 илјади пати помало отколку она потребно да направи штета! Не постои шанса ни начин ковид-19 вакцинираната личност да ја ,,шири вакцината”, изјавија од Центарот за контрола и превенција на болести во одговор за „Ројтерс“. Вакцините не содржат метали и не е точно дека спајк протеинот е магнетизирачки. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.


Јун 24, 2021

Се урна повеќекатница во Флорида

Најмалку едно лице загина при пад на станбена зграда во Мајами синоќа околу 2 часот по локално време.


Јул 10, 2020
комисија за заразни болести

Причина за разрешувањето на Зибери

Под маска на наводни професионални стандарди, Зибери е всушност казнет што соопшти како реално функционира Комисијата за заразни болести.

Мај 7, 2020

Западен Балкан доби поддршка за ЕУ перспектива и средства за борба против корона вирусот на Самитот во Загреб

Порака за продолжување на реформите и поддршка за европската интеграција добија земјите од Западен Балкан на вчерашниот Самит на ЕУ за Западен Балкан што се одржа во Загреб.


Ное 13, 2017

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид. Ангелеска која е од редовите на СДСМ,  беше изгласана со 12 гласа ЗА. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. На денешната седница беа формирани и 13те комисиии кои се дел од Советот на општината.


Авг 24, 2017

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата

Соопштија денеска на заедничка прес-конференција премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.


Апр 27, 2015

Четирите гиганти во Лигата на шампиони прикажани низ бројки

Четирите клуба со обрт од фантастични 1,8 милијарди евра оваа година


Ное 27, 2021

21-годишен охриѓанец и четворица малолетници вршеле тешки кражби низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнен дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид.


Авг 3, 2021

Вакцината за децата нема да е задолжителна, исто како што не е ни за возрасните!

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top