Ное 30, 2021

Започнува научно испитување на Белчишкото блато

Научниците ќе го стават фокусот на рибната популација, но и на физичко-хемиските карактеристики на блатото. Носител на истражувањата се научници од Хидробиолошкиот институт во соработка со научни работници од Институтот за сточарство и Биотехнолошкиот факултет од Битола.


Авг 4, 2021

Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација

Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се  0.018 % од популацијата. Австралија има  речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот на заболени со ковид-19, кој изнесува околу 31.000, излегува дека процентот на заразени е 0,12, а не 0,018.


Јул 7, 2021

(ВИДЕО) Силна експлозија одекна вечерва во Дубаи

Силна експлозија од засега непозната причина, одекнала вечерва во Дубаи. „Две противпожарни возила и други возила за итни случаи може да се видат како одат јужно од Дубаи на главниот пат што води кон Абу Даби“, јавил дописникот на Ројтерс.


Јун 2, 2020

Граѓаните да ги почитуваат мерките за побрз излез од здравствената криза

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.


Фев 26, 2018

Едно возило за цела болница во Струга

Градската болница во Струга има само едно возило за транспорт на пациенти кои ургентно се праќаат до скопските клиники. Тоа ни одблизу не ги задоволува потребите за пациентите, вели првиот човек на оваа установа Асим Муса и смета дека овој проблем треба да се надмине час поскоро.


Ное 22, 2017

Почина руската оперска легенда

Руската оперска легенда Дмитри Хворостовски почина утрово, на 55 години. Големата музичка ѕвезда ја изгуби борбата со туморот на мозок со кој се бореше во последните две години. Македонија имаше можност да го слушне овој музички гениј, на отворањето на Охридското лето во 2013 година, кога одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар.


Јун 18, 2015

Не постојат оправдувања за кукастиот крст

Дисквалификацијата на Хрватска од квалификациите за ЕП 2016 е реална опција


Фев 16, 2022

Швајцарија ги укина ковид мерките

Швајцарската Влада денеска соопшти дека ги укинува речиси сите ковид мерки, а до крајот на март останува само правилото за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи, како и изолација на пациентите заразени со ковид.


Ное 30, 2021

Илчо Алексоски избран за претседател на Советот на општина Дебрца

Вчера се одржа продолжението на првата седница на Советот на Општина Дебрца при која за нов претседател се избра Илчо Алексоски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. За него гласаа шест советници, додека четири беа воздржани од вкупно единаесет советници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top