Фев 14, 2017

Ново осветлување за црквата Св. Богородица Перивлепта

Денес 14-ти февруари, по вечерната богослужба во чест на празникот Св. Трифун, свечено ќе биде ставено во употреба новото осветлување во црквата Св. Богородица Перивлепта.


Авг 14, 2021

ОХРИД ГО ЧЕСТВУВАШЕ ВЕЛИКАНОТ ЖИВКО ЧИНГО

Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација “Вечер на Живко Чинго“, посветена на големиот писател. Манифестацијата беше одбележа со доделување на наградата за најдобар расказ на авторката Јована Матевска Атанасова за расказот “Пура во Осака“ и промоција на антологиската “Книга за Чинго“ подготвена од проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски.


Фев 13, 2017

Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште

Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште. За какво загадување станува збор не е утврдено, затоа што инспекторите не побарале од Центарот за јавно здравје анализа на материјата. Од инспекторатот недостапни за информација дали воопшто излегле на терен. Инаку појавата на маслени дамки во езерските води на овој потег и во овој период од годината не е ретко.


Фев 13, 2017

Вандали дивееле во ОУ „Григор Прличев“

ОУ „Григор Прличев“, често е мета на вандали. Утринава непознати сторители во дворот на училиштето запалиле оган од столиците и масите изработени од дрво, а настрадале и кантите за ѓубре. Директорката Силвија Мојсовска смета дека полицијата, треба да преземе поригорозни мерки кон ваквите уништувачи, бидејќи не е прв пат во училишниот двор да влезат хулигани и да дивеат. Од СВР, велат дека работат на пронаоѓање на сторителите и истите ќе бидат казнети.


Јун 28, 2015

Грчкиот парламент одобри референдум за 5 јули

Граѓаните во Грција панично ги празнат банките


Фев 13, 2017

Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1

Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1. Службите од локалната во неколку наврати интервенирале, но и понатаму продолжува ваквата појава. Апелираат да се пробуди свеста на граѓаните и да не ги уништуваат општите добра.


Дек 17, 2013

280 лекови по нови, намалени цени

Од задутре лековите на позитивната листа ќе се издаваат со нови референтни цени – на 170 лекови им се намалува доплатата, а на 110 од нив им се намалува и партиципацијата, а 21 лек што се користат во 15 нови терапии првпат ќе бидат достапни без доплата.


Фев 11, 2017

Добра понуда за празникот Св Трифун

Наближува 14 февруари, ден кој обединува два празници Св Трифун и Св Валентајн. Охридските хотелско угостителски објекти во пресрет на овие празници направија одлични понуди на храна и вино, користење на спа центар со масажа со намалени, поволни и достапни цени за сите.


Дек 12, 2013

Нема веќе играње „биљи“ за македонските деца

Забранета проажбата на џамлии или биљи по охридски, во земјава, бидејќи тие, според стандардите за безбедност на детски играчки, не се безбедни од проста причина што постои опасност децата да ги проголтаат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top