Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“-Струга годинава во знакот на 150 години од смртта на браќата Миладиновци.
Во Подмолје да се изгради резервоар и да им се врати водата на мештаните кои ја платиле со самопридонес, бараат жителите од оваа туристичка населба. Тие денес својот револт и јавно го изразија. Мештаните сметаат дека општина Дебрца треба да си ја преземе целата одговорност за решавање на проблемот со водата, бидејќи нивните средства за оваа комунална давачка се слевале во касата на општина Дебрца.
Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски. Црвен крстсекоја година им овозможува на охриѓани и на гостите да ја покажат својата хуманост и да ја даруваат својата скапоцена течност.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42) двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Во рогот на волот“ под шифрата Чадор е добитник на наградниот конкурс „Живко Чинго“. Овој расказ е едногласен избор на членовите на жирито. Од останатите пристигнати раскази, наградениот се издвојува со извонредна наративна изведба, подвлекоа од Комисијата за доделување на наградата.
ФК Воска Спорт новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ја отвора денеска против Гостивар на гостински терен.
Голем интересот на граѓаните за превентивните прегледи на кои се мери шеќер во крвта и притисок. Бесплатните прегледи претежно ги искористиле повозрасните граѓани. До полноќ се очекува оваа можност да ја искористат околу 1000 граѓани.
Дека соништата се исполнуваат ако со сето срце го посакувате тоа е доказ Младиот Давид Ѓурчиноски од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град