Охрид се гради. За време на туристичката сезона и покрај одлука на градските татковци за мораториум на градежни активности за време на летото во интерес на туризмот. Од Општинскиот инспекторат тврдат дека ги опоменале, и тоа усно, сите кои вршат градежни работи, но дека немаат ингеренции за нешто повеќе од тоа. Но добрите познавачи на оваа проблематика не го делат ваквиот став. Тврдат дека инспекторите и тоа како имаат право и да казнуваат.
Охридскиот Суд во летниот период се соочува со поголем обем на работа, а со помалку кадар. Но тоа не е проблем да им излезат во пресрет на барањата на странките кои имаат потреба од тоа. Во оваа установа во секое време има судија или судски службеник кој е задолжен да води сметка за завршување на потребните дејствија или барања на странките во судот, уверуваат од таму.
Очекувањата се дека цената и понатаму ќе паѓа
Охрид и селските населби непречено се снабдуваат со вода за пиење од градската мрежа. Дефектите на градската мрежа во споредба со минатата година се намалени скоро за една третина. Во минатиот период е извршена замена на цевоводот во должина од 2 км. Градскиот водоводен систем е застарен, а во план на јавното претпријатие „Проаква“ е замена на салонитните цевки.
Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел.
Станува збор за петта обука по ред, која се спроведува во рамки на ЕСИПП проектот. Обуката ќе се одржи во периодот од 2 до 3 септември 2017 во зградата на Општина Охрид.
Жените кои често доживуваат вагинален оргазам при одот ги нишаат колковите, повеќе “се фрцкаат” и нивниот чекор е полесен, тврдат истражувачите.
Главен покровител на маратонот е Претседателот на Република Македонија. Досега дваесет и двајца пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција, го најавија учеството на Маратонот кој е дел од Гран При серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), а е организиран од страна на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и пливачката федерација на Република Македонија, а од оваа година како главен организатор се јавува и Општина Охрид.
46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа, при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град