Ако немате баш нешто попаметно да правите, да се прошетаме низ најголемата јавна куќа во Европа. Нема гајле, легална е.
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори канцеларија во Охрид каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат и да разменуваат мислења за различни теми од општественото живеење. Претседателот на охридскиот огранок, Веле Митаноски порача дека пензионерите не бараат само грижа, туку ги нудат своите сеуште присутни потенцијали за напредок на целокупното општество.
Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период.
Ужасна слика под самиот прозор на капетанија. Истечено масло, киселина, коски од риба и друг отпад секојдневно се депонира во строгиот центар на градот. Апелот до граѓаните не вроди со плод. Од капетанија планираат да постават камера за да го откријат сторителот.
Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул. „Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк.
Утре во Струга ќе се одржи манифестацијата “Ден на водни спортови – Струга 2017″, настан кој е организира по повод денот на македонската независност 8-ми септември.
Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.
Повеќе паркинг простор, повеќе градско зеленило, подобра комунална хигиена и јавни тоалети, треба да бидат приоритетите за идниот Градоначалник на Охрид, сметаат граѓаните.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град