Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Охрид.
Собранието на Македонија на денешната 87. седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав.
Запуштена плажа и околина во населбата Далјан. Со години жителите и туристите бараат, но не добиваат подобра комунална хигиена и инфраструктура. И понатака на брегот нема клупи ни осветлување, нема патека со које ќе се поврзуваат населбата и хотелот Далјан и извидничкиот центар. Расфрлани отпадоци и нехигиена владее на плажата, а во езерскито брег завршиле бетонски плочи опасни за капачите.
Научниците открија многу необична техника во борбата против ракот: наночестичките кои го носат карито во клетките на ракот.
Летната кровдарителна акција најавувана како најголема ги оправда очекувањата. Со собрани 40-тина крвни единици охриѓани покажаа уште еднаш дека се хумани луѓе. Подарените крвни едници кои за некого значат живот продолжуваат и понатака. Акциите за дарување крв ги поддржуваат општествено одговорни компании како што денес се вклучија од маркетите Тамаро.
Достојно одбележување на 40 есетиот јубилеен роденден на меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 год. Од 15 до 18 август, Струга ќе пулсира и живее заедно спортот, со навивачкиот дух на струшките паткари и спортските настани поврзани за овој меѓународен турнир.
„Игри без граници“ е манифестацијата која во Охрид ги собра глувите и наглувите лица од земјава. Македонското здружение на овој начин го одбележува светскиот ден на глувитеа. Покрај ова манифестација здружението одбележува во текот на годината уште 5 манифестации од забавен, спортски и културен карактер на кои глувите и наглувите лица се дружат и забавуваат.
Никогаш не мислев дека животот ќе си поигра со мене и со мојата судбината, во плач раскажува младата самохрана мајка на две малолетни деца, нашата сограѓанка Жаклина Николоска која од државата бара покрив над главата. Таа пред нашата камера раскажува како повеќе од две години тропа на вратата на Центарот за социјална работа и АД за стопанисување со станбен и деловен простор барајќи социјален стан или било која друга помош за да може и таа нормално да живее со нејзините деца.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град