Одржана последната седница на градскиот совет. Охридските советници се задоволни од сработеното во изминатите 4 години. Во текот на мандатот за доброто на охриѓани донесле повеќе од 2600 одлуки.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска информира дека во наредниот период до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка.
Производите со органско потекло се квалитетни и безбедни намирници. Редовното конзумирање на органски производи придонесува за зачувување и подобрување на здравјето и спречување на појава на болести. Фармацевтската компанија „Зегин“, се погрижи и охриѓани да можат да користат органска храна која ја има во нивните специјализирани Healthy food продавници.
„Моделот на зависност од порнографија“, тема на голем број научни дебати.
Тема на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ЗА подобра Македонија, образованието и подобрувањето на условите за работа во образовните институции.Д-р Снежана Стефаноска-кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ, зборуваше за реализираните проекти и за проектите кои допрва треба да бидат остварени.
Учесниците кои бесплатно ќе можат да бидат дел од оваа манифестација, ќе се натпреваруваат во пливање, ватерполо, нуркање, кајак, пинг-понг и многу други спортови.
Истите кои некогаш историски барале право, денес нам ни го оспоруваат- рече поглаварот на Македонска православна црква г.г.Стефан на духовната академија по повод 50-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква.
Струга го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето. Започна реконструкција на водоводната мрежа и реконструкција на пумпната станица кај изворите во Шум. Почетната инвестиција на проектот изнесува 400 илјади евра обезбедени од Општината, а дополнителни 200 илјади евра за зафатите со кои ќе се обезбедува вода во руралните средини.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град