Ное 27, 2017

Инвалидски помагала добија двајца наши сограѓани

Вредна донација за двајца наши сограѓани во инвалидски помагала, обезбеди Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид а претседателот на здружението, повика на поголема поддршка на општествено одговорните компании кон лицата со посебни потреби.


Ное 27, 2017

Нов пат Охрид – Св Наум бараат мештаните

Жителите од населените места долж магистралниот пат Охрид Св Наум, бараат нов асфалт и проширување на патот. Тоа им било ветено веќе неколку пати, а досега неисполнето. Тие укажаа дека постоечкиот пат е опасен и претставува магнет за сообраќајни незгоди.


Сеп 8, 2015

Flydubai по прв пат најави попуст од 30% ширум својата мрежа

Со флота од 49 модерни авиони Flydubai работи со повеќе од 1.600 летови неделно


Ное 27, 2017

Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида

Во охридскиот Центар за јавно здравје  за потребите на регионов  има 50 бесплатни тестови за хив/сида. Во  2017 биле набавени 150 тестови преку глобалниот фонд и 50 од министерството за здравство. Во 2018 година Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА, престанува со  финансирање на   потребните тестови па обврската  да ги набавува тестовите ја презема Министерството за здравство. 


Дек 19, 2014

Донаторска забава на „Ротаракт“ клубот од Охрид

Ротаракт Клубот од Охрид во соработка со игротеката ”Smiley”, организираат предновогодишна донаторска забава -‘ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА ‘.


Ное 27, 2017

Во „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери

Во граѓанскиот универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“  течат обуки  за  болничари и масери. Кандидати се едуцираат и за сметководители, а интерес има и за германски и италијански јазик. Со програмата за 2018 година ќе има и понатака обуки за повеќе занимања.


Мар 19, 2014

Продолжува потрагата по гробот на Александар Македонски

Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од  интернационалниот  експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле.


Ное 27, 2017

КОНЗЕРВАЦИЈА ИЛИ КОНФРОНТАЦИЈА

Отворено писмо до јавноста од Михаил Трендафилов Нанче, претседател на граѓанското невладино здружение “СОВЕСТ“ од Охрид.


Сеп 21, 2012

Се празнува Мала Богородица

Манастирот Св. Богородица во Калишта струшко и годинава за празникот Мала Богородица, ширум ги отвори портите за сите верници. „Големи се чудата на мајката на целото човештво“, нагласија служителите на Бога, но и верниците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top