„ТАВ Македонија“, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и компанијата Wizz air имаат чест да Ве поканат на прес-конференција и коктел по повод официјалниот почеток на директната авионска линија Скопје-Париз.
Во Охрид се множат туристичките агенции ама голем дел од нив не се активни. Туристички агенции кои активно работат ќе бараат измени во Законот за туристичка дејност. Измените ќе се однесуваат и за времетраењето на издавање на лиценци за работа, но се предлагаат и многу други измени со кои ќе се попрaваат одредени законски слабости.
Тригодишна затворска казна за Цвете Вранишкоски. Гоце Јанески и Климе Миладиновски, ослободени од обвинение. Ова е судската разврска за случајот Пливалиште.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија низа критики на адреса на охридскиот градоначалник и општинската администрација. Го повикуваат градоначалникот јавно да го каже долгот на општината. Исто така, обвинуваат дека низ градот никнуваат помали диви депонии кои не се чистат.
Лицата кои ќе бидат помлади до 14 години во 2027 година никогаш нема да можат да купат цигари во Нов Зеланд. Ова е дел од предлогот откриен денеска, а со цел да се намали бројот на продавачи на цигари и да се намали никотинот во сите производи.
Локалната ги финишира разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана за изградба на марина кај каналот Студенчишта. Треба само уште да се направи ревизија на проектот за Студенчишкото блато и доколку марината нема да има влијание врз овој еко систем таа ќе се изгради. Дотогаш ќе се прави ред во каналот кој сега е единственото место за паркирање на пловните објекти.
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески.
Општина Охрид подготвува индивидуален акт со кој се предвидува регулирање на обврската на станарите во објектите за колективно домување во однос на чистење на површината на дворното место. Ова доаѓа после вчерашната средба на активистите од „Чист Охрид“, со претставниците на општина Охрид, ЈП Охридски Комуналец и комуналните инспектори и редари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град