Во Охрид, пак, засега не е откриен новиот сој, но се евидентира зголемен број на семејни кластери инфицирани со ковид 19. Има пораст и на заболени деца во училиштата и детските градинки, информираат од Центарот за јавно здравје.
Денес се е во знакот на црвената боја. Се слават Св.Трифун и Св.Валентин. Свети Трифун е и заштитник на лозјето и на овошките па лозарите ги посетуваат своите лозја и ги зарежуваат сеуште незапупените гранчиња. Вљубените пак го слават Св. Валентин со пригодни подароци кои асоцираат на љубов.
Времето денеска во Охрид променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи.
Проодни патните правци кон Охрид по водениот снег кој наврна синоќа. Непроодни патиштата кои водат до планинските села кон Дебрца. Обилниот влажен снег во охридско и Дебрца остави повеќе планински села и без струја. Од ЕВН ги одстрануваат дефектите. Вработените од јавните претпријатија до утринските часови работеле на расчистување на снегот за нормално функционирање на патните правци. Од итната медицинска помош информираат дека функционирале без проблеми.
СДСМ и Министерството за култура направија културна деградацадија и културен геноцид на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Од полноќ забрана за влез во Хрватска на возила со српски регистарски таблички
Пешачко рекреативна патека, на потегот од Кошишта, преку Лабино до Канео, со два краци кон плажата Лабино, Воска и Даљан, на места оштетена. Сторителите не се познати, но се за осуда бидејќи посегнале по она што секој треба да го смета како негово. Од Локалната самоуправа ќе ја санираат штетата, а проблемот понатака ќе го решаваат со поставување на комунален редар.
Од 22- ри до 26- ти јули на летната сцена од Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи најновото издание на фестивалот „ДримОН“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град