Општинската организација на Црвениот крст го одбележа денот на крводарителството на Република Македонија. Тие и оваа година го реализираа планот на крводарителни акции, а радува фактот што се поголем број крводарители се млади луѓе. Беа доделени признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела.
18 милиони евра европски пари ќе им бидат на располагање на општините, организациите од туристичкиот сектор , образовни установи и центри за обука за проекти за подобрување на конкурентноста во туризмот. Огласот за аплицирање е отворен денеска, а изјавување на интерес општините и сите чинители од сферата на туризмот треба да пројават најдоцна до 30 април годинава.
Еден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо во моментов изгледа воопшто не размислува на фудбалот иако се ближи почетокот на ЕП.
Бојан Трајкоски од Охрид ученик во четврта година, го освои првото место на Битолскиот хакатон – Биталон. Тој доби награда, турнеја низ Израел. Трајкоски и неговиот тим, со информатички алатки, на свој начин ја прераскажаа приказната за македонските Евреи, со креирање на виртуелен музеј.
Во сабота на Спортско Рекреартивниот Центар „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот ќе се одигра дербито помеѓу Охрид и Пелистер. Тоа ќе биде и крај на регуларниот дел од ракометната Супер лига. Се очекува добрар натпревар, во кој охрииѓаните ќе играат за престиж и подигнување на формата за плејофот.
Нема застанување за Apple кој повторно ги обори сите рекорди во продажбата
Куварите од средното охридско угостителско училиште самостојно подготвија вкусни традиционални специјалитети. На трпезата се најдоа охридскиот чомлек, комад, питулици, тавче гравче, велешка пастрмајлија. Младите кувари потврдија дека добро го испекле занаетот и се подготвени со љубов да ја работат избраната животна професија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град