Формиран охридскиот огранок на партијата Единствена Македонија , а претседател на општинскиот комитет во Охрид е Тино Секулоски. Пред присутините беше промовирана партиската програма и надворешно полтичката стратегија. Опстанокот на Македонија го гледаат во сојузот со Русија и членство во евроазискиот економски сојуз наместо ЕУ и Нато.
Конгресот ќе се одржи од 17-ти до 20-ти септември во Охрид и има за цел да ги приближи сферите на интерес на сите физиотерапевти од регионот и да овозможи меѓусебна размена на искуства.
Со видео запис НВО „Опција“ од Охрид ги презентира програмите со кои делуваат во превенцијата од Хив /Сида. Се одржа средба со советниицте од Охрид и Струга, како и со претставниците од државните и јавните институци кои се поврзани со овој општествен проблем. Од „Опција“ очекуваа поддршка и од ЛС по повлекувањето на Глобалниот фонд за превенција од ХИВ/Сида од земјава.
Претставниците на Државната изборна комисија, под силно обезбедување, утрово од битолската печатница „Киро Дандаро“ го подигнаа целокупниот избирачки материјал за спроведување на првиот изборен круг од претседателските избори.
Годинава по повод Денот на пролетта, Лајонс клубот од Охрид организиара Хуманитарен концерт. Учесници ќе бидат младите музички таленти од охридската гимназија со изведби на познати песни. Тие со нетрпение го чекаат утрешниот ден, бидејќи за едни тоa е можност да си го претстават својот талент, други сметаат дека со тоа допринесуват за културата на градот но најважно од се за сите, е тоа што ќе настапуваат за хуманитарна цел.
Националната установа Музеј Др. Никола Незлобински одбележува 70 години од смртта на рускиот биолог и зоолог и хуманист.
Марина Студенчишта истражувачки проект на компанијата Тетрактис кој го привлече вниманието на охриѓани. Архитектонското студио изработи идејно ресение за марина на потегот кај Студенчишко блато во Охрид. Истата е дизајнирана со сензитивно вреднуванје на природата на начин кој нема да ја наруши силуетата на пределот и функцијата на блатото, велат од Тетрактис. Додаваат дека во процесот на изработка на проектната документација ке бидат применети сите препораки на локалните и регионалните експерти.
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на 3-ти декември 2021 година во 14:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга ќе се одржи настанот „Слушнете ги нашите приказни“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град