Ракометниот клуб „Охрид“ во недела ќе го одигра третиот меч во плејофот од Супер лигата со скопски „Пролет“. Нашите ракометари очекуваат победа и три бода на табелата.
На кино репертоарот анимираниот филм наменет за најмладите “ПИМ и ПОМ”- синхронизиран на македоски јазик, во деновите 7-ми, 8-ми и 9-ти октомври 2015 година.
Со изградба на фабрика за преработка на отпад во Годивје, Дебрца, Министерството за животна средина и просторно планирање го жртвува еколошкиот за економскиот критериум, обвини градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески на денешната прес конференција. Тој категоричен дека Владата не може и не смее да ги игнорира жителите на Дебрца, како и мислењето на стручната јавност кое јасно говори дека во срцето на Дебрца, изградба на регионален систем за управување со отпад не може да се оправда со ниту еден сериозен факт.
Овој систем се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана.
Во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА) ПХВ тимот на млади на Црвен крст Охрид организира Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата и здравите животни навики.
Дрвениот мост во Струга, жртва на негрижата на градот, реагираат стружани. Нема ниту трага од најавите на струшката Локална самоуправа за подигање на новиот современ премин во Струга, на местото од дрвениот пешачки мост на реката Црн Дрим, кој пред година и пол беше отстранет.
Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод-Охрид ги известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува јавното претпријатие, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови.
Започна реконструкција на тротоарот на булеварот “Туристичка“, на потегот од Гимназија до СРЦ “Билјанини Извори“ по десната страна, во правец на Св.Наум. Целосно ќе бидат заменети бехатон плочките, ќе се засадат нови дрва и во цела должина ќе биде изградена нова велосипедска патека.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град