Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“.
Се прибираат понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Според новата програма значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема.
И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов. Познатите историчари упатија апел до надлежните: на познатите македонски револуционери да им се направат достојни споменици.
Народен Театар Охрид во ПЕТОК 16-ти октомври 2015 ќе гостува на фестивал “Денови на комедија” во Куманово, со хит претставата „Детектор за лаги“ во режија Ненад Витанов. Ова е 20-то јубилејно играње на претставата.
Проблемот со дивите депонии во Македонија треба да се надмине до 2020 година. По ова прашање својот став го изнесе и деканот на Архитектонскиот факултет, професор Огнен Марина, кој смета дека изградбата на регионална депонија е повеќе од потребна.
Најмалку 20 загинати и повеќе од десет повредени во две експлозии во Анкара
И оваа сезона улицата „Кеј Македонија“ ќе биде сообраќајница. Охридски тим од Секторот за урбанизам, составен од Лилјана Јоноска и Билјана Ангелоска работат на проект „Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона.
Со предлог измените во Законот за животна средина се предвидува нов начин на плаќање на давачката за регистрација на возилата. „При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост“, се вели во предлог законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.
Денес општина Охрид одбележува 140 години од раѓањето и годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов. Одбележувањето на овој настан е проследен со низа активности поврзани со животот и делото на охридскиот револуционер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град