Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес прими група од 20 средношколци и четири професори од најголемата гимназија со 2 300 ученици од градот Каен- Долна Нормандија.
Завод и музеј годинава ќе ја конзервира и реставрира џамијата Мустафа Челеби во Струга.
Во Центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа, ОУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.
На пригодната свеченост на која присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски, директорите на јавните претпријатија, родители и наставници, учениците се претставија со богата културно уметничка програма.
Седум лица загинаа, а четири се повредени кога возило со српски регистерски ознаки во кое биле мигранти се забило во куќа.
Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои две први и едно трето место на манифестацијата „Образовно Рандеву 2018“ , што ја организира Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Во третото коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на ФК Воска Спорт од Охрид ќе игра против тимот на ФК Вардар.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на република Македонија и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 Мај.
Учениците од Охридската гимназија “ Св. Климент Охридски “ од Охрид со поддршка на Општина Охрид во периодот од 13 до 15 април во Белград беа учесници на манифестацијата „Денови на демократска култура“. Овој настан во организација на Земунска гимназија е дел од проектот на Советот на Европа “ Развој на демократската култура во училиштето”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град