Преку регионален пазар, до пониски цени на електричната енергија за граѓаните на Македонија. Под мотото „Да ги направиме границите мостови“ денес во Охрид се одржа Регионалниот форум на преносни систем, оператори од регионот на Југоисточна Европа.
Др Владо Кочоски е кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, кој влегува во трката за градоначалник на Струга, на престојните Локлани избори. Оваа одлука падна доцна синоќа на седницата на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ.
Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото. По четврти пат во Охрид се одржува охридската школа на правото која од година во година станува се попосетена од врвни правници кои доаѓаат од повеќе држави и ги пренесуваат своите ставови, мислења и решенија за одредени прашања.
Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. И на официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, се гледа дека во нивниот состав нема графен оксид.
ЈЗУ „ Центар за јавно здравје“ од Охрид на 15 и 16.05. 2018 година ( вторник и среда), ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот.
Со примена на фотограметриско снимање е изработен 3Д модел од ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо, во близина на Охрид.
Охридската територијална противпожарна единица денеска доби донација од германскиот град Дортмунд. Опремата која треба да им ги олесни интервенциите и да ја зголеми сигурноста на охридските пожарникари ја предаде Членот на Градскиот совет на Дортмунд, Рудигер Шмит. Делегацијата од Дортмунд оствари средба со градоначалникот Јован Стојаноски
Како до поголема соработка и поедноставно следење на најновите технички достигнувања во делот на лабораториите за нафта, е главната тема на 7-миот Регионален Симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати, кој се одржува во Охрид. На Симпозиумот присуствуваат 65 претставници од над 30 лаборатории и други организации и институции од регионот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град