ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја објавија листата со кандидати за членови на Советот на општина Охрид.
На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, утре (18.05.2018 г.) , со почеток во 12 часот, ќе се одржи традиционалната матурска парада.
Во струшкото село Вишни се слави селската слава Св. Спас или Вознесение Христово. Вишненци ја продолжуваат вековната традиција на пренесување на моштите на Св. Спасица Вишенска од селската црква Св. Атанасие до пештерската црква каде што во самотен живот таа го зачувала христијанството. Со векови луѓето веруваат во нејзината чудотворна моќ. Селскиот адет налага девојка на рамо да ги пренесе моштите низ живописен кањон одалечен од селото на километар и пол.
Во четврток и петок во Центарот за култура „Григор Прличев“, охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.
Локалната сериозно размислува како да ја подобри велосипедската инфраструктура во градов. Се чека изработката на сообраќајната студија од која треба да произлезе и решението за велосипедските патеки. Младите се повеќе сакаат да возат велосипед. Денес во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот се одржа манифестацијата „Детски семафор“.
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски присуствуваше на инфо сесијата на тема „Потреба од промена на развојната програма во делот на класификацијата и стандардизацијата во туризмот и угостителството“ што денес се одржува во Охрид .
Mинистерството за образование и наука следната недела јавно ќе ги објави прашањата што ќе бидат на екстерното тестирање.
Во големата сала на општина Охрид, утре (17.05.2018 г.), со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град