На 12.01.2022 околу 21.00 часот во угостителски објект на бул. „Македонски просветители” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Ј. врз Д.С. (18), двајцата од Охрид.
Во Охрид има стагнација на занаетчиските дејности. Покрај стандардните дејности козметичар и фризер за среќа годинава има регистрација на два нови занаети опинчар и изработувач на тетоважи. Младите се интересираат за занаетчиски дејности но во старт се откажуваат поради високите давачки кои мора да ги плаќаат кон државата.
Да се има заштитата на Унеско како светско природно и културно наследство е вистински престиж. Токму затоа Охрид треба да направи се за да го зачува статусот на Унеско, вели копретседателот на Европските зелени Томас Вајц. Мора да се изнајде начин за одржлив развој на туризмот во склад со еколошките препораки и зачувување на вредното културно и природно наследство. Првенствено мора да се расчисти во однос на дивоградбите.
„Спорт и култура иднината на регионот“. ЈП „Билјанини извори“ ќе го спроведува овој проект со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат да спортуваат. Проектот е финансиран преку европските фондови и програмите за прекугранична соработка, а во неговите рамки во недела ќе се одржат фудбалски натпревари помеѓу екипите на ФК Скендер бег од Корча, ФК Еурофудбал од Охрид и ФК Крека Од Струга.
11 Седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на Предлог Одлуките за новото зонско паркирање. Советниците од опозицијата бараа одлуките да бидат повлечени од дневен ред , со образложение за подобра анализа на состојбата. Одлуките беа изгласини од мнозинството во советот.
Според податоците нa Европско медитеранскиот сеизмолошки ценатр утрово во 08.10 часот регистриран е земјотрес во Грција, со јачина од 6,1 степен според Рихтер кој беше почуствуван и во Охрид.
Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .
Листа на апликации кои најмногу ја трошат батеријата на уредот
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град