Добро познатата компанија за организирање на свечености „Импакт Груп“ со своите прекрасни декорации и организациони способности, ја прошири својата дејност и во соседна Струга.
Едно охридско семејство пријавено за да згрижи деца без родителска грижа. Засега има само неколку семејства кои згрижиле девет дечиња на различна возраст. Во тек е владина кампања која ги мотивира граѓаните да згрижат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом.
И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид.
Во Завод и музеј во пораст се приходите од продадени влезници во Самоилова тврдина и во Заливот на коските. Според остварениот приход од посетите на културно- историските локалитети првото место го држи Самоилова тврдина. Во иднина , институцијата има намера трендот на растечките приходи да го стимулира со осмислување на нови содржини.
Младата и талентирана пејачка Магдалена Алексовска-Маги која живее во Њујорк, го објави официјалното видео за нејзината најнова песна со наслов „Друг да ме нема“. Текстописец е Весна Малинова, а аранжер и композитор Кирил Бабамов.
Во Белчишта свечено отворена интернационалната ликовна колонија “Дебрца – 2018”. Уметничката колонија е со 34 годишна традиција, а галеријата е со богат сликарски фонд. Колонијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Останаа уште десет дена до големиот концерт, посветен на музиката на една голема група, NUMB – Tribute to Pink Floyd.
Специјалното јавно обвинителство од обвинителствата во земјава ги побара првите четири предмети поврзани или кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговор, пренесува „Радио слободна Европа“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град