Воздушните напади врз Мариупол продолжуваат и понатаму, соопштија градските власти.
Хуманитарниот конвој се обидувал да стигне до градот, но поради бомбардирањето морал да се врати назад.
Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загинаа три лица, меѓу нив и едно дете, велат украинските власти.
Денеска во телевизиско обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски, рече дека е лажно тврдењето на Русија дека во болницата немало пациенти.
Како и секогаш, тие лажат самоуверено – рече тој.
Хуманитарните агенции велат дека најитно е потребна хуманитарна помош во Мариупол, каде 400 илјади луѓе се заробени повеќе од една недела без храна, вода и струја.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град