Рамстор не се грижи за впечатокот што го остава

Во врска со содржината со наслов „До кога Рамстор ќе ги узурпира тротоарите пред објектите?“, објавена на нашиот портал tvm.mk во рубриката „Ти си твојот град“ која ја креираат граѓаните, до нашиот медиум стигна демант од фирмата МИБ Конструкција ДОО Охрид. Побаравме објаснување од Рамстор, но одговор до денес немаме добиено.

 |   | 

Во врска со содржината со наслов „До кога Рамстор ќе ги узурпира тротоарите пред објектите?“, објавена на нашиот портал tvm.mk во рубриката „Ти си твојот град“ која ја креираат граѓаните, до нашиот медиум стигна демант од фирмата МИБ Конструкција ДОО Охрид.

Тие демантираат дека се узурпирани тротоарите и јавната површина, како што беше наведено во текстот кој ни го испрати наш сограѓанин заедно со видеото и сликите.

ДО КОГА „РАМСТОР“ ЌЕ ГИ УЗУРПИРА ТРОТОАРИТЕ ПРЕД ОБЈЕКТИТЕ?!

Во демантот, меѓу другото, велат дека се работи за простор кој е во склоп на деловниот простор кој друштвото МИБ Конструкција ДОО Охрид, со договор за закуп го има издадено на фирмата Рамсторе Македонија Скопје.

Побаравме објаснување од Рамстор, дали станува збор за узурпирање на јавна површина, но ги прашавме и дали се сметаат за општествено одговорна компанија или приоритет им е профитот, независно како го остваруваат? Ова  произлегува од грдата слика пред нивните маркети во Охрид, со расфрлана амбалажа, отпадоци, палети на сите страни, узурпирани тротоари и сообраќајници од дотур на стока преку целиот ден.

Овие прашања произлегуваат од честите реакции на граѓаните до нашиот медиум за работењето на Рамстор маркетите во Охрид.

ОХРИЃАНИ СЕ ЖАЛАТ ЗА ХАОСОТ ПРЕД „РАМСТОР“

Иако дописот го пративме пред 2 недели, одговор до денес немаме добиено.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top