Момче со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори.
Тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко, објави Јавната телевизија Ен-ха-ка.
Момчето за кое полицијата вели дека има околу 20 години, уапсено е на местото на ицидентот.
Мотивот за нападот сеуште не е познат.
Снимки на кои се прикажуваат пожарникари, полиција и итна помош ги преплавија социјалните мрежи, а сите се обидуваат да им помогнат на повредените патници, додека многумина бегаа скокајќи од прозорците од возот.
Инаку, ова е втор напад во воз за само неколку месеци во Токио. Во август, на последниот ден од церемонијата за затворање на олимписките игри, 36-годишен маж избоде 10 патници во воз. Подоцна полицијата соопшти дека сакал да нападне жени кои изгледале среќно, наведува АП.
Видео од нападот погледнете тука
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град