Исламска Држава одговорна за нападот во Барселона

Во терористичкиот напад загинаа најмалку 13 лица

 |  инфодеск  | 

Шпанските власти соопштија дека во терористичкиот напад загинаа најмалку 13 лица , а повеќе од 80 се повредени при влетувањето на комбе во толпа пешаци во познатото туристичко место Лас Рамбас во Барселона, а Исламска држава ја превзеде одговорноста за нападот

Лас Рамблас е улица со улични тезги и продавници која поминува низ центарот во Барселона и е една од најпознатите дестинации во градот. Пешаците се движат во средината, а колите возат настрана.

Од шпанската полиција информираа дека возачот на комбето не е уапсен, а приведени се две лица осомничени и дека се поврзани со нападот.

Министерството за надворешни работи соопшти дека досега нема информации за повредени македонски граѓани во нападот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top