Нов терористички напад во Париз

Претседателот Оланд потврди дека се работи за терористички напад

 |  инфодеск  | 

Француските власти синоќа известија дека двајца полицајци загинале во престрелка при терористичкиот напад на авенијата Шанзелизе во Париз. Француската полиција извести дека напаѓачот е убиен. Градските власти им советуваа на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот. Нападот го потврди и претседателот Оланд и изјави дека се работи за терористички напад.

“Исламска држава” ја презеде одговорноста за терористичкиот напад и го посочи името на напаѓачот, кој пристигнал од Белгија ,Абу Јусеф ал Белџики. Идентитетот на терористот се разликува со оној на полицијата. Според властите станува збор за 39-годишен маж од Ливри-Гарган, од Сен Дени. Тој е познат на силите на редот по својата радикализација и пред некое време нападнал полицајци.

Пукањето се случило околу 21.00 часот по локално време на познатиот париски булевар, недалеку од продавницата Marks & Spencer.

Според очевидци “имало најмалку двајца напаѓачи”. Еден од нив тврди дека видел “еден маж како качен од автомобил пукал со автоматска пушка Калашников”.

Утринава Оланд свикал вонредна седница на Советот за одбрана во 8.00 часот по локално време. Веста за нападот целосно ја фрли во сенка последната дебата со 11-те кандидати за шеф на државата, кој синоќа се одржа на телевизијата “Антена 2”. Повеќето кандидати ги одложија денешните средби со избирачите поради нападот на Шанз-Елизе. Движењето по булеварот повторно е нормално од 5,30 часот утринава.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top