Уапсен напаѓачот за теророт во Стокхолм

Полицијата во камионот пронашла вреќа со експлозив

 |  инфодеск  | 

Шведската полиција пронашла експлозив во камионот кој влета во толпа луѓе пред стоковна куќа во центарот на Стокхолм, при што загинаа најмалку четири лица, а повредени беа 15.

Мажот кој беше приведен синоќа во предградие на шведската престолнина и за кој во текот на ноќта беше изречена мерка притвор, е осомничен дека го возел украдениот камион кој прегази пешаци на централна улица во Стокхолм и потоа удри во трговски центар, соопшти шведската полиција.

Претходно полицијата објави фотографија со маж со сива качулка поврзан со нападот. Шведското јавно радио и весникот Афтонбладет објавија дека осомничениот што се наоѓа во притвор е 39 годишен маж со узбекистанско потекло. Полицискиот портпарол не ги коментираше ваквите информации. Цитирајќи полициски извори шведската телевизија СВТ јави дека полицијата привела уште еден маж, но портпаролот не го коментираше ниту ова.

Инаку, во Шведска денеска е ден на жалост, а знамињата на владините згради се спуштени на половина копје.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top