Финска има проблем да пополни 100.000 слободни работни места

Недостатокот на работна сила во Финска стана најголем национален проблем

 |  инфодеск  | 

Спрема пишувањето на медиумите во Финска, недостатокот на работна сила во таа земја стана најголем национален проблем. Министерот за стопанство Мика Линтила се вратил од турнеја по целата земја и изјавил дека насекаде луѓето се жалат дека имаат слободни работни места на кои не успеваат да вработат никого. Проблемот е најголем во главниот град Хелсинки.

Надлежните пресметале дека во Финска моментално има 100.000 слободни работни места кои не успеваат да ги пополнат 300.000 невработени Финци бидејќи за тие работни места нема квалификуван кадар.
Финска ужива во зголемениот економски раст кој е поттикнат благодарение на тамошната бродоградба и автомобилската индустрија. На пример, фабрика за автомобили во градот Усикаупунки треба до летово да вработи 1.000 работници.

Силен раст бележат и финскиот шумарски сектор и градежништвото за кои исто така им недостигаат квалификувани работници.

Финската влада затоа припрема нов закон кој би требало да биде претставен до крајот на април, а во кој ќе се понуди преквалификација и поттик работниците да се префрлат во подрачјата каде има слободни работни места и да им се плаќаат патни трошоци.

Министерот Линтила изјавил и дека владата размислува за тоа како да се зголеми делот на доселеници на финскиот пазар на труд кој е многу помал во однос на соседните држави.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top