Рекордна излезеност од 80% на изборите во Холандија

Холанѓаните индикатор за тоа како би поминале останатите популистички партии на изборите во другите земји од ЕУ

 |  инфодеск  | 

Над 80% Холанѓани излегле да гласаат на парламентарните избори. Овој редок и висок просек на излезност е силен сигнал дека холандските граѓани излегле масовно да гласаат за да му го затворат патот до власта на екстремно десниот Герт Вилдерс и неговата партија ПВВ.

Првите резултати од излезните анкети покажуваат дека партијата на актуелниот холандски премиер Марк Руте е победник на парламентарните избори. Зад него е најголемиот негов ривал Партијата за слобода на антиимигрантот и еден од најголемите расисти во Европа, Герт Вилдерс.

Неговата партија на десниот центар освоила 31 од вкупно 150 места во парламентот, покажуваат анкетите.
Резултатите укажуваат дека добар резултат постигна и Партијата на Зелените со освоени 16 места, додека Социјалистичката освоила 14, а Работничката партија 9.

На партијата на Руте ќе и бидат потребни најмалку уште три партии да за обезбеди мнозинство, а преговоте за влада се предвидува дека ќе траат најмалку три месеци.

Анкетите укажуваат дека излезноста на крајот може да достигне и до 80 проценти, што според аналитичарите може да биде од корист за про ЕУ и либералните партии.

Изборите во Холандија се следат со големо внимание, како индикатор за тоа како би поминале останатите популистички партии на изборите во другите земји од ЕУ.

Следниот месец Французите ќе гласаат за нов претседател, додека Германија во септември ќе одржи парламентарни избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top