Германската полиција го затвори трговскиот центар во градот Есен на западот од Германија поради сигурна дојава за “неизбежен” терористички напад, а неговата околина е блокирана, објавила полицијата.
Полицијата изјавила за агенцијата DPA дека постојат индиции дека трговскиот центар, кој е во близина на центарот на градот, би можеле да го нападнат терористи и затоа е донесена одлука за негово затворање на еден ден.
Алармот се однесува само на трговскиот центар на Limbecker Platz, додала полицијата која исто така ги затвори паркинзите и станиците во подземната железница кои водат до трговскиот центар, комплекс од околу 200 продавници сместени во самиот центар на градот.
Полицијата не додава ништо за природата на можниот напад, но изјави дека истрагата е во тек.
Имено, германските власти се во состојба на приправност, особено по атентатот со камион на божиќниот саем во Берлин во декември кога загинаа 12 лица, а одговорноста ја превзеде Исламската држава.
Разузнувачките служби проценуваат дека околу 10.000 исламисти се наоѓаат во земјата, од кои дури 1.600 би можеле да изведат напади.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град