Откриен е виновникот за скандалот на доделувањето на Оскари

Организаторите објаснија кој е виновен за скандалот

 |  инфодеск  | 

Ревизорската куќа Прајсвотерс Куперс, во чија надлежност е броењето на гласовите и печатењето на имињата на победниците, објави уште едно соопштение за јавноста, скоро 24 часа по срамната збрка во завршницата на 89 доделување на наградите на Академијата.

Компанијата ја превзеде целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои ги знаат резултатите и ги делеле пликата на презентерите, Брајан Калинан, по грешка му дал на Ворен Бити резервен плик за категоријата најдобра женска улога наместо за најдобар филм.

Неколку минути подоцна и Академијата издаде свое официјално соопштение по повод инцидентот во кое го поздрави “достоинственото држење” на сите погодени со оваа грешка.

Имено, пред да дојде до грешката Брајан Калинан ја фотографирал добитничката за најдобра женска улога, Ема Стоун, а спрема пишувањата на Њујорк Пост тој бил повеќе зафатен со фотографирањето и објавувањето на тие фотографии на Твитер па затоа и дошло до предавање на погрешниот плик до презентерот Ворен Бити.

Бидејќи на многумина не им било јасно како се појавиле две исти плика, покрај Брајан уште едно лице ги има истите плика, а тоа била Марта Руиз која стоела од левата страна на сцената, а Брајан од десната. Марта му го предала пликото на Леонардо Ди Каприо со името за најдобра женска улога, а Брајан потоа требало да го предаде пликото за најдобар филм, но го предал резервното плико за најдобра женска улога.

“На крајот од денот сите сме луѓе и правиме грешки”, рекол Тим Рајан, еден од главните луѓе во организацијата на Оскари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top