Најниска минимална плата во ЕУ има Бугарија, највисока Луксембург

Во сите земји на ЕУ, освен во Грција, регистриран е раст на минималната плата

 |  инфодеск  | 

Во извештајот на европската агенција Eurofound минималната плата во земјите членки на Европската Унија за 2017 година варира од 235 евра во Бугарија, до 2.000 евра во Луксембург.
Во Романија минималната плата е 322 евра, во Франција и Белгија е 1.500 евра, во Германија и Британија минималната надница за еден работен час е 9 евра, а во Австрија, Италија, Данска и Финска нема минимална плата.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неодамна изјави дека секоја земја во ЕУ треба да воведе минимална плата, како значаен инструмент во борбата против социјалната нееднаквост.
Според ова истражување во Грција минималната плата е 586 евра, Чешка 407, во Словачка 435, Хрватска 436, Полска 454, Португалија е 557 евра, во Шпанија 708 евра, Словенија 804…

Во сите земји на ЕУ, освен во Грција, регистриран е раст на минималната плата. За последните седум години во Романија е регистриран најголем раст на минималната плата, за 142%, а во Бугарија за 92%. Во Грција минималната плата во однос на 2010 година е намалена за 20%.

Во Македонија минималната плата е 175 евра. За време на изборната кампања ВМРО-ДПМНЕ вети минимална плата од 13.000 денари, а СДСМ ветува 16.000 денари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top