Одговорноста за нападот во Истанбул ја превзеде Исламска држава

Крвавиот напад од само еден напаѓач траел полни седум минути

 |  инфодеск  | 

Светските медиуми јавуваат дека ИСИС ја превзеде одговорноста за терористичкиот напад во Истанбул во кој за Нова година беа убиени 39 лица, а полицијата и понатаму интензивно трага по напаѓачот.

Индипендент пишува дека Исламската држава објавила соопштение со следната содржина: “Во продолжение на благословените операции кои Исламската држава ги превзема против заштитниците на крстот, Турција, херојскиот војник на калифатот нападна еден од најпознатите ноќни клубови во кој христијаните го славеа својот празник на неверници”.

Две третини од убиените во ексклузивниот ноќен клуб биле странци. Крвавиот напад од само еден напаѓач траел полни седум минути во кој успеал да убие 39, а да рани 69 лица. Во клубот, во моментот на нападот се наоѓале од 500 до 600 луѓе.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврдил дека интензивно се трага по терористот и рекол дека наскоро тој ќе биде фатен.

Турските власти оценуваат дека напаѓачот може да доаѓа од централниот дел на Азија и веројатно потекнува од Киргистан или Узбекистан, објави весникот Хуриет.

Истражителите оценуваат дека е можно тој да е поврзан со ќелијата која изврши трократен самоубиствен напад на аеродромот во Истанбул кога загинаа 47 лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top