Се урна руски воен авион во Црно Море со над 90 патници

Во авионот Ту-154 имало 83 патници и осум членови на екипажот

 |  инфодеск  | 

Руски воен авион со 83 патници и осум членови на екипажот исчезна пред неколку часа од радарите откако полетал од Сочи. Неговите остатоци се пронајдени како плутаат во Црно Море, потврдил рускиот министер за одбрана.
Тупољев 154, со 83 патници и 8 членови на екипажот полетал од воздухопловната база Адлер рано утрото во недела по локално време, а потоа исчезнал од радарите, јавија руските медиуми.
Авионот бил на пат кон руската база Латакија, Сирија, каде требало да се одржи концерт за Нова година.
Познатиот Александров ансабл за збор на руската војска бил во авионот, јавил извор за руската агенција Интерфакс. Освен челеновите на ансаблот во авионот се наоѓале и девет новинари и неколку воени функционери, потврдило министерството за одбрана за агенцијата Тасс, а јавува CNN.
На местото на исчезнување веднаш се упатени екипи за спасување од Краснодар и соседните региони.
Рускиот претседател Владимир Путин веднаш бил известен за исчезнувањето на Ту-154, изјавил портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за агенцијата Тасс.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top