Анис Амри, кој е осомничен за нападот во Берлин, е убиен во престрелка во Милано, Италија, јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од италијанската безбедносна служба.
Амри наводно е запрен од сообраќајна полиција околу три часот утрото, но веднаш почнал да пука кон полицајците. Еден од полицајците возвратил и го убил Анис Амри, а полицаецот е полесно повреден, пренесува италијанскиот весник Панорама. Според истите извори, напаѓачот е идентификуван според отисоците од прсти и физички докази.
Во секој момент во Рим прес конференција треба да одржи министерот за внатрешни работи Ангелино Алфано, на која ќе ги соопшти деталите и дали убиениот е навистина Анис Амри.
Тој во вторникот во Берлин уби 12 лица и десетина повреди, кога со камион влета на божиќен саем.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град