Највисоки цени на нафтата во последните 17 месеци

Растот се должи на намалување на дневното светско производство

 |  инфодеск  | 

Цените на нафтата на светските берзи достигнаа вредност која е на највисоко ниво во последниве 17 месеци.

Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел.

Ваквиот раст следи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели.

Минатата недела неколку големи производители, вклучувајќи ги Кувајт и Саудиска Арабија ги извести своите клиенти дека до јануари 2017 ќе го намалуваат производството.

Ова значи дека продолжува опоравувањето на цената на нафтата, која поради големото производство, од средината на 2014 година потона за повеќе од 100 на 30 долари по барел во февруари годинава и беше најниската цена во последните 13 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top