Терористичкиот напад во турскиот град Кајсери во кој во саботата утрото загинаа 13 а ранети се 55 луѓе, главно војници, го извел бомбаш самоубиец објавија турските власти, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која и САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во писмена изјава рече дека „сепаратистичката терористичка организација“ стои за нападот, додавајќи дека тие напади не се „без поврзаност со случувањата во Сирија и во Ирак“. Ердоган под овој поим ја подразбира Работничката партија на Курдистан (PKK).
Претходно генералштабот на турските вооружени сили објавија дека автомобил бомба се паркирал до автобусот со кој се превезувале војници на специјалните сили кога стоел на постојка во близина на универзитетскиот кампус во Кајсери.
„Денеска се случи напад врз автобус со кој се превезуваа војници, а го извршил бомбаш самоубиец“, изјави за турската телевизија премиерот Бинали Јилдирим.
Турските власти приведоа седум лица, а трагаат по уште пет луѓе поврзани со денешниот напад со автомобил-бомба во Кајсери, при што загинаа 13 војници.
Инцидентот се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град