Билетите на RyanAir во иднина бесплатни

Мајкл О’Лири рекол дека очекува до 2026 година неговата компанија да продава билети по цена од нула денари

 |  инфодеск  | 

Ирската авио-компанија RayanAir планира наместо промотивни наскоро да дели бесплатни карти за сите оние кои сакаат да летаат со нив.

Шефот на оваа авио-компанија Мајкл О’Лири рекол дека очекува до 2026 година неговата компанија да продава карти за своите летови по цена од 0 денари базна тарифа, а приходи ќе имаат од продадени концесии.

„Има визија дека во наредните пет до десет години картите за летови на RayanAir ќе бидат бесплатни“, рекол тој и додал дека во тој случај летовите ќе бидат полни, а дека тие ќе имаат заработка од аеродромските приходи, значи од сите луѓе кои ќе поминат низ аеродромот и кои ќе имаат удел во купувањето и малопордажбата на аеродромите.

Иако ова звучи невозможно, тој додал дека некои работи веќе тргнале и дека неговата компанија ќе тргне од некои мали регионални аердроми на кои ќе почне да им нуди свои услуги во замена за драстично намалување на надомест за слетување.

„Мислам дека тоа ќе се случи. Можеби не не Хитроу или некој друг голем аеродром, но многу други аеродроми кои бараат зголемување на сообраќајот ќе се согласат“, рекол тој и додал дека тој процес на укинување на аеродромската такса на поедини аердроми веќе почнал.

Според најновите податоци на RayanAir, просечната цена на нивната карта е 46.67 фунти, но оваа авио-компанија е позната и по многу ниски промотивни цени на своите карти.

Ублажување или евентуално укинување на овие работи би овоможило на RayanAir картите со „попуст“ да ги префрлат на „бесплатно“.

Како што велат оваа недела некои седишта се продаваат и за 4 фунти, а за тоа надомест на аеродроми плаќаат 13 фунти.

Тој, како што вели, ќе им плаќа на патниците да летаат со нив, бидејќи наместо промотивни карти од 5 или 9 фунти, тие во иднина ќе ги даваат целосно бесплатно.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top