Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според податоците на европската геолошка служба потресот е со јачина од 7,4 степени по Рихтер со епицентар на длабочина од 10 километри.
Потресот се случил нешто по полноќ по локално време. Епицентарот е на 99 километри од Кристчрч, кој пред неколку години беше разурнат во земјотрес. Тогаш погинаа најмалку 185 луѓе, а потресот беше со магнитута од 6,3 степени по Рихтер.
Потресот бил почувствуван и во градовите Велингтон и Чевиот. Се уште нема официјални информации за повредени и материјални штети. Жителите на Нов Зеланд на социјалните мрежи споредулуваат фотографии од оштетени куќи и хаосот кој го направи земјотресот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град